Здравство
Клиниката за урологија одбележува јубилеј – 70 години постоење
20.12.2024 11:25
Универзитетската клиника за урологија, денеска во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, свечено ќе одбележи 70 години од своето постоење...

Универзитетската клиника за урологија, денеска во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, свечено ќе одбележи 70 години од своето постоење.
Најавени се и обраќања на министерот за здравство Арбен Таравари и в.д. директорот на Клиниката за урологија, доктор Башким Шабани.
На настанот предвидено е и доделување плакети за особен придонес и развој на урологијата.
