Два термоблока во РЕК Битола утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби...

Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1, соопштија од ЕСМ.
Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат.
Како што сооптуваат, во моментов течат операции за повторно вклучување на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електроенергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција.
