Загреб

Едно дете загина при напад со нож во училиште во Загреб

20.12.2024 11:53

Седум лица се повредени, меѓу кои пет деца, во напад со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, јавија хрватските медиуми...

Шок и неверување во Загреб. 19 годишник изврши напад со нож во основното училиште „Пречко“. Седум годишно дете загина, повредни се наставник и шестмина ученици. Напаѓачот е под полициски надзор, се истражуваат мотивите. 

Седум лица се повредени, меѓу кои пет деца, во напад со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, јавија хрватските медиуми.

Пред училиштето има родители кои се повикани да ги земат своите деца и да ги однесат дома.

Според неофицијални информации, родителите велат дека момчето кое го извршило нападот не е ученик на тоа училиште. На терен се многу полицајци и најмалку шест возила на брза помош.

Според ХРТ, напаѓачот влегол во училиштето со нож и почнал да напаѓа деца од прво одделение. Засега не се знае дали жртвата и повредените се од тоа одделение или има и од други.

Во Хрватска денеска е крај на првото полугодие во училиштата.