Истражување за државната помош за инвестиции
Македонија најмногу вложува во субвенции за земјоделството, Албанија во туризмот, Србија во енергетиката – најмалку пари за државна помош одвојуваат Косово и Албанија, најмногу Србија, покажува најновата студија на мрежата на тинк тенк организации на Западен Балкан. Македонија е на средина со 1,9 отсто од буџетот или над 230 милиони евра за субвенции кои не секогаш носат позитивни резултати и за кои е потребна поголема транспарентот во трошењата, сметаат економистите. Од Владата најавуваат реформа во моделот на субвенционирање на странските директни инвестиции.

Околу 230 милиони евра од Буџетот се одвојуваат за државна помош. Македонија најмногу поддржува инвестиции во земјоделството, но и странски директни вложувања и инвестиции на домашните компании, покажува новата студија на тинк-тенк организации од Западен Балкан. Земјите од соседството имаат различен фокус, па така, Албанија најмногу вложува во туризмот, додека Србија дава големи пари во енергетиката и во малите и средните претпријатија. Според резултатите, субвенциите не секогаш ги даваат посакуваните резултати.
За да се надминат предизвиците во делот на странските инвестиции, со истражувањето се предлага да се унапреди транспарентноста, формирање регистри за државна помош и усогласување на политиките на регионално ниво. Директорот на ТИРЗ најави реформа на моделот на субвенционирање.
Најмногу пари за државна помош во 2022-та издвојувала Србија со 5, 9 отсто од БДП, најмалку Косово и Албанија или 0, 5 проценти. Македонија годишно вложила 1, 9 проценти која континуирано расте, стои во истражувањето.
Викторија Милевска
