Струга

Забрзано течат подготовките за Струшките вечери на поезијата

27.07.2014 16:29

Со полна пареа течат подготовките за годинашното, 53то издание на Струшките вечери на поезијата. Од таму најавуваат многу новитети кои освен видео изменетото издание ќе донесе и многу повеќе простор за македонската поезија но и привлекување на нова публика.

Поетска Струга забрзано го креира ликот на годинашната манифестација-бренд на градот и на државата. Новините предвидени за самиот почеток, од првиот ден ќе ја загреат атмосферата, се во функција на убавиот написан збор.

„Ќе биде тоа тоа неделата на поетски филмови, прикажувањето на разни мултимедијални документарни филмови посветени на поезијата или посветени на СВП но исто така ќе биде отворен и саем на книгата кој ќе ја презентира целокупната поетска продукција во Македонија во изминативе неколку години“, вели директорот на СВП, Мите Стефоски.

Нови детали и во програмскиот дел.На публиката ќе и се понуди нова перцепција која ќе овозможи поширока афирмација на овој и онака најреномиран фестивал на поезијата.

„Ние се потрудивме достојно во рамките на овогодинешното издание да биде претсавена македонската поезија, со цел за што поширока перцепција на нашите книжевни вредности во светот а тоа дополнително ќе овозможи и присуството на значајни странски издавачи, директори и организатори на фестивали со кои ќе биде организирана една посебна средба во рамките на нашата меѓународна соработка“, вели директорот на СВП, Мите Стефоски.

За oваа година планирано е некои од значајните приредби на СВП да добијат ново визуелно преобликување, да бидат претставени на различни локации со што ќе се привлече интересот на пошироката публика.  Добитник на „Златниот венец“ за 53-тото издание на Струшките вечери на поезијата е Јужнокорејскиот поет Ко Ун.

Јованчо Наумоски