МНР
МНР: Нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата
20.12.2024 14:21
Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.
Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од МНР.
При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.
Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, соопштуваат од Министерството.
