Редизајн на националниот портал за услуги
Редизајн на националниот портал за услуги „услуги.гов.мк. Нови 100 услуги на порталот и нови 30.000 корисници во последните 5 месеци, најави министерот за дигитална трансформација, Андоновски…

Чекањето во редици, одењето од шалтер на шалтер, давањето подароци на службениците за нас е сè уште реалност, рече министерот за дигитална трансформација, Андоновски.
Целта е да се врати довербата на граѓаните во институциите, да се намали или целосно елиминира корупцијата, да се скрати непотребната бирократија. Внесени 100 нови услуги во националниот портал услуги „гов.мк“. Се појавија и нови 30.000 корисници во последните месеци.
Македонија во светски рамки е на средина на листата според индексот за дигитализација од Обединетите нации, пад за 30 места споредено со 2010-та година. Сепак пред нас се Србија, Албанија, Црна Гора.
Новиот портал е целосно модернизиран, според принципите на пристапност, ефикасност и транспарентност.
Александра Спировска
