Економија

Расте бројот на производи со намалени цени, инспекторите продолжуваат со засилени контроли на терен

20.12.2024 16:49

Расте бројот на производи во „Новогодишната кошница“, намалувањето на цените е и над 10%, вели министерот за економија. Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали се почитува акцијата како што беше предложено од самите производители, дистрибутери и трговци...

Расте бројот на производи во „Новогодишната кошница“, намалувањето на цените е и над 10%, вели министерот за економија кој заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат направија обиколка во неколку маркети низ Скопје. Тие со апел до трговците да ја почитуваат мерката до крај, односно до 15-ти јануари, оти се работи за нивен предлог, поддржан од Владата.

ДПИ добил поплаки од граѓаните за зголемени цени, но во маркетите наишле само на ситни пропусти.

Инспекторите продолжуваат со засилени контроли на терен, а за секоја измама граѓаните да пријават на 191.

Бројката на производи надмина 1.100, и тоа од 95 трговци на 42 синџири маркети.

 

Борис Грујоски