Осоговието ќе стане заштитено подрачје

27.07.2014 16:38

Министерството за животна средина и македонското еколошко друштво се иницијатори за изработка на проект за заштита на Осоговието, регион во кој добар дел од површините ке бидат прогласени како зони од 5-та категорија, на кој строго се забранети многу дејности.

Формирање на погранично заштитено подрачје на Осоговието, заради зачувување на природните вредности ќе обезбеди иден одржлив економски развој  на регионот. Осоговските планини се издвојуваат по своите природни реткости, меѓу кои живеалишта на заштитени и загрозени видови од биодиверзитетот,поднебје со здрава храна и местоположба која ќе привлече бројни туристи.

„Сакаме од ова да направиве една интересна приказна за туристите, затоа што многу е непријатно од она што ни го дала природата, да го уништиме или едноставно спречиме да го видат оние кои имаат интерес за тоа“, вели Ратко Димитриевски, градоначалник на Кочани.

Иницијативата за проектот Ососогово Балкански зелен појас е на Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина.

„Студијата опфаќа една широка листа на заштита на ретки еднемични видови на животни и растенија и проширување на списокот особено со оние видови кои се заштитени со Хабитат декларацијата кои се на црвената листа на Европа , вели Деспина Китанонва од Македонско еколошко друштво.

Со оваа студија голем реон од Осоговските планини е предложен за прогласување за заштитена зона од 5-та категорија, а тоа ќе значи дека седум Општини не ќе можат да градат.

„Се договоривме уште еднаш да се сретнеме во Министерството за животна средина и предложивме да се најде модус со измена на студијата во овој дел, со што МЕД се согласи и на овој начин ќе го надминеме овој проблем“, изјави  Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.

Постапката за прогласување на трансгранично заштитено подрачје на Осоговието веќе е влезена во програмата на Владата и има поддршка од меѓународните институции, како што се УНДП, УНЕСКО, невладиниот сектор и експертската јавност.

Габриела Димковиќ