Мицкоски: Од Главчев побарав да се крене рампата
Проширувањето да не биде заложник на билатерални прашања, повика премиерот Мицкоски, вели ако зборуваме за идентитетски прашања, се случува емоција, кога има емоција не може да се стигне до рационално решение. Откри и какви зборови разменил со техничкиот премиер на Бугарија, Главчев.

Не треба политикантство, туку решенија за иднината. Имаме план не за првиот чекор кој ќе нè приближи до Европската унија туку, ќе нè донесе до крај – вели шефот на македонската влада Христијан Мицкоски по средбите во Брисел. За сè што зборував не добив контра аргумент вели тој, сè се сведува на политичка волја и храброст. Директно во Брисел Мицкоски посочил дека билатералните прашања кои предизвикуваат емоции да се остават на страна, а билатералната да се води во насока на зголемување на соработката.
Премиерот откри и што разговарал со бугарскиот премиер Главчев.
За барањето на СДСМ во Собранието да се расправа за евроинтегративниот пат, премиерот вели – потребен е национален консензус.
Зошто не и нашиот парламент да донесе резолуција и да ја достави до Брисел, за европратениците да изгласаат потврда на нашиот многу вековен јазик и идентитет, предлага Мицкоски.
Миле А. Ристески
