Откупот на тутунот се интензивира со повисока цена
Две третини од реколтата тутун веќе се откупени. Зголемената цена го интензивира откупот. За тутунарите е битно цената да ги следи трошоците за производство. Во меѓувреме ќе се прецизираат отворените прашања во законот за тутун.

Откупените 13.000 тони се по просечна цена од 400 денари. Ова е по зголемувањето на цената на првата класа што ја забрза откупната кампања. За тутунарите многу е битно цената да ги следи трошоците за производство.
Со зголемена цена и на субвенцијата за прва класа, од Министерството за земјоделство пресметуваат – во семејниот буџет на тутунарите ќе завршат 140 милиони евра од оваа индустриска култура која на државата и носи девизен прилив. Се најавува расчистување на отворените прашања во законот за тутун.
Со овој интензитет откупот на тутунот ќе заврши со празниците иако крајниот рок е 28 февруари. Реколтата се проценува на 17.000.
Елизабета Митреска
