Германија

Напад на божиќен пазар во Магдебург

21.12.2024 08:50

Автомобил влета во толпа на божиќниот пазар во Магдебург, властите претпоставуваат дека станува збор за напад на поединец. Има најмалку двајца загинати и околу 60 повредени луѓе...

Автомобил влета во толпа на божиќниот пазар во Магдебург, властите претпоставуваат дека станува збор за напад на поединец. Има најмалку двајца загинати и околу 60 повредени луѓе.

Најмалку две лица загинаа во нападот на божиќниот пазар во Магдебург во петокот вечерта. Како што потврди премиерот на покраината Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф (ЦДУ), еден возрасен и мало дете загинале кога автомобил влетал во толпата.

Осомничениот е уапсен. Станува збор за лекар од Саудиска Арабија кој во 2006 година дошол во Германија и живее во Саксонија-Анхалт. Хазелоф претпоставува дека станува збор за сторител поединец. Се истражува мотивот за нападот. Според зборовите на премиерот, мажот со изнајмен автомобил влетал во толпата.

Според информациите од безбедносните кругови, 50-годишникот претходно не им бил познат на германските власти како исламист.