МНР

МНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор во Македонија

21.12.2024 08:59

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) каде му беше врачена протестна нота...

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин беше повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) каде му беше врачена протестна нота.

- На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија – информираат од МНР.

Претходно, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

– Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање – соопшти Министерството.

Рускиот ракетен напад врз зграда во Киев, во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и Македонската амбасада во Украина, го осуди и Европската комисија.