Хамас прифати примирје со Израел

27.07.2014 16:44

Хамас прифати 24-часовно примирје со Израел, откако Тел Авив го укина претходниот прекин на огнот поради непрекинатиот ракетен оган од Газа.

„Како одговор на проценката на Обединетите нации и земајќи ја предвид состојбата на нашиот народ во Газа, особено пред празникот Еид, фракциите се договорија да го прифатат 24-часовното хуманитарно примирје од 2 часот во недела“, изјави Сами Абу Зухри, портпарол на Хамас.

Нема официјален одговор од Израел, но од воениот врв се надеваат дека понудата е некаква шанса. Од почетокот на судирите на 8-ми месецов загинаа 1060 Палестинци, главно цивили и 46 Израелци, од кои тројца цивили. Протести за мир во Газа се одржуваат во Виена, Чикаго, Париз, а дури и во центарот на Тел Авив.