Скопје
Во тек е санацијата на главниот цевковод во Скопје
21.12.2024 09:09
Во тек е санацијата на главниот цевковод во Скопје. Најголем дел од градот е без вода за пиење...

Во тек е санацијата на главниот цевковод во Скопје. Најголем дел од градот е без вода за пиење. Водоснабдувањето не е прекинато само во дел од Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Радишани, Визбегово, Бардовци, Железара и Автокоманда, висока зона. Од Водовод уверуваат дека операцијата ќе заврши за 15-ина часа.
Се санираат 4 дефекти, меѓу кои и оној на улицата „Никола Парапунов“ во Карпош 4. Граѓаните ги испразнија рафтовите во маркетите, полнеа кофи и шишиња за да се обезбедат во домовите.
На Клиниките итните случаи нема да се враќаат. Институтот за јавно здравје со препораки.
