Хрватска
Ден на жалост во Хрватска
21.12.2024 12:25
Ден на жалост во Хрватска по нападот со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, каде што едно седумгодишно дете загина, а тројца ученици и наставник се повредени...

Ден на жалост во Хрватска по нападот со нож во основното училиште „Пречко“ во Загреб, каде што едно седумгодишно дете загина, а тројца ученици и наставник се повредени.
Според хрватските медиуми, наставникот и учениците се под медицински надзор и во стабилна здравствена состојба.
Хрватското Министерство за здравство потврди дека покренало инспекција во психијатриската клиника, каде наводно се лекувал 19-годишниот напаѓач.
Мотивите за нападот остануваат нејасни. Властите најавија итни мерки за зголемена безбедност во училиштата.
