БЛИСКИ ИСТОК
Ракета истрелана од Јемен експлодира во Тел Авив, повредени се 16 лица
21.12.2024 13:02
Ракета истрелана од јеменските Хути експлодираше во парк во јужен Тел Авив. 16 лица се полесно повредени меѓу кои и едно тригодишно девојче...

Ракета истрелана од јеменските Хути експлодираше во парк во јужен Тел Авив. 16 лица се полесно повредени меѓу кои и едно тригодишно девојче.
Лансирањето на ракетата ги активираше сирените низ централен Израел. Војската потврди дека обидите за пресретнување не успеале.
Од почетокот на војната во Газа, јеменските Хути постојано лансираат ракети кон Израел во знак на поддршка на Хамас.
