УКРАИНА
Русија ја нападна Украина со 113 беспилотни летала
21.12.2024 13:08
Украинскиот претседател Зеленски вели дека Русија мора да одговара за секојдневните напади, особено по нападот во кој беа оштетени дипломатски претставништва, меѓу кои македонската амбасада во Киев.

Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 113 беспилотни летала.
Украинското воздухопловство објави дека Русија истрелала една ракета С-400 кон централна Украина, но во нападот нема штета.
Украински дронови утринава погодија висококатници во Казан, главниот град на руската република Татарстан.
Украинскиот претседател Зеленски вели дека Русија мора да одговара за секојдневните напади, особено по нападот во кој беа оштетени дипломатски претставништва, меѓу кои македонската амбасада во Киев.
