Сторија

Нема вода, ама фризерските салони работат

21.12.2024 13:15

Новогодишните подготовки не може да чекаат. Фризура за прослава мора да се направи. Снаодливост има. Тука е и солидарноста. Соседи кои имаа вода не штедеа за оние на кои им беше потребна.

Предновогодишните журки во главниот град почнаа, закажани се пред најавата за прекинот на водоснабдувањето. Разубавувањето не може да се одложи, жените веќе смислиле како ќе ги направат фризурите. И фризерките и муштериките се снашле, па салоните се пуштени на најјако.

Не тече ни капка, ама од изутрина веќе десетици си заминале со фризура подготвени за прослава.

Сосетката која живее на погорните катови не може да го одмине салонот бидејќи водата е повеќе од потребна

Задоволни и среќни ги оставивме нашите сограѓанки, секоја со надеж дека водоснабдувањето ќе се воспостави, но со единствена порака дека пријателите се познаваат токму во маката.

 

Фиљана Кока