ИЈЗ

Препораки на ИЈЗ по отстранувањето на дефектот на водоводната мрежа

21.12.2024 14:45

Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање – препорака од Институтот за јавно здравје. Може да биде со променета боја и невообичаен мирис. Треба да се почека да се разбистри...

По отстранувањето на дефектот на водоводната мрежа ризикот по здравјето е поголем оти водата е микробиолошки неисправна, велат од Институтот за јавно здравје. Предупредуваат дека водата не смее веднаш да се користи, да се почека барем еден час пред консумирање или ако баш мора, да се преврие.

Претпазливо и со користењето на водата за хигиена. Треба да се загрева пред употреба, велат од Институтот за јавно здравје.

Пред употреба водата треба да се остави малку да истече, да се дезинфицира ситото на чешмите и садовите каде што се собира.

 

Ирина Гелевска