водовод

Скопје полека добива вода, заврши санацијата и реконструкцијата на главниот цевковод

21.12.2024 15:10

Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата...

Саниран е дефектот на главниот градски водоводен цевковод. Откако водоводниот систем ќе се наполни целосно со вода, ќе потече од сите чешми. Сменети се големите затворачи од 1.600 милиметри.

По овој зафат, кој се прави по 60 години, жителите на Карпош и Ѓорче би требало да добијат подобро водоснабдување.

Откако се обезбедија со вода, граѓаните рационално ја користеле само за основни потреби, лична хигиена, пиење и подготовка на храна.

Угостителите реагираа зошто за санацијата се чекало толку време и се случила за време на новогодишните прослави. Се потрудиле да ги испочитуваат сите препорачани мерки.

Без вода за пиење остана десниот дел на Вардар од кружниот тек во Ѓорче Петров до Зелениково. Немаше прекин во водоснабдувањето во високата зона, на левата страна од Вардар и во делови од Автокоманда.

 

Александра Велинова