Се полни новогодишната кошничка, надлежните во мониторинг
Надлежните остануваат во мониторинг како се одвива акцијата – новогодишна кошничка во над 500 продажни места во земјава. Бројката на производи надминува 1.000 опфатени со намалувањето на цените, барем за 10 проценти. Граѓаните ја поздравуваат акцијата. Велат намалувањата се секогаш добредојдени. Особено за празници...

Непречено се одвива акцијата – новогодишна кошница. Производите ја надминаа бројката од 1.000, опфатени со намалувањето за барем 10 проценти. Постојани се контролите на инспекцијата, но и на надлежните.
Трговците уверуваат дека ги запазиле сите насоки за истакнување на претходните и намалените цени.
Граѓаните ја поздравуваат акцијата. За нив секогаш се добредојдени намалувањата, па и поголеми.
Акцијата ќе трае до 15-ти јануари. Опфатени се над 50 маркети со преку 500 продажни места. Во мониторингот ќе се вклучат и синдикатите и Асоцијацијата на потрошувачи.
Елизабета Митреска
