Што крие ридот Канда?
Изгледа како дело на приордата, но речиси е сигурно дека ридот е направен од човечка рака, тоа го тврди тимот од домашни и меѓународни експерти од областа на математиката, физиката, историјата и акустиката, коишто ги продолжија испитувањата на македонскиот геоглиф.

Тие во март годинава измерија дека ридот вибрира на фрекфенција која укажува дека во неговата внатрешност се наоѓа некаков објект или структура. Овој сигнал досега не е измерен на ниту еден друг локалитет во светот.
Што закопале овде нашите претци, древните македонци засега останува отворено прашање, но она што е извесно е дека овде, во светиниколско, под геоглифот се наоѓа сакрален објект.
Со геоглифите древните цивилизации оставиле во наследство богатство од езотерични и метафизички тајни коишто чекаат да бидат откриени. Македонскиот геолиф кој што се наоѓа на врвот на ридот Канда претставува текст напишан да древно македонски јазик, открива за македонската телвизија, професорот Аристотел Тентов.
„Самиот текст соодветствува на текстовите што и денес ги пишуваме во надгробните плочи, едната е можноста дека гробицата можеби е на Големата Мајка, дна на Врховниот Бог на Македонците Ѕе или Богот на сонцет“, вели Аристотел Тентов.
Никола Ристовски долгогодишен истражувач на овчеполскиот регион вели дека се надева дека иднината ќе ни овозможи да дознаеме што се крие под нашето македонско тло и дека тоа ќе предизвика позитивни промени на регионално и светско ниво.
„Пред околу двеилјади години овде живеела цивилизација која што била далеку понапредна. Неколку генерации по смртта на Алексадар македонски, пајонските кралеви сеуште и продавале жито на Атина. Значи овде живееле луѓето коишто биле првите банкари, првите трговци и една од најсупешните цивилизации во чевечката историја,“ вели Никола Ристовски.
За нашето материјално и духовно наследство се интересират и најмладите. На млад велешанец не му се доволни информациите коишто ги одобива од повозразните и медиумите, затоа самиот се искачи до врвот на ридот за самито непосредно да види и дознае што се случува тука.
„Јас за ова место сум слушал дека туак бил гробот на Александар Македонски“, вели малд велешанец.
Доколку се донесе одлука истражувањето на местото да помине во завршна фаза на искупување, тогаш ќе бидат потребни и до неколку години сеиозна подготовка.
Марија Котовска
