регион
Албанија го блокира Тик Ток
21.12.2024 20:03
Албанската влада одлучи да ја блокира платформата ТикТок во Албанија...

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тик Ток во Албанија. Одлуката следува по убиството на тинејџер во декември минатата година, кое ја зголеми загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата.
Забраната, која е дел од пошироките планови школите да се направат побезбедни, ќе стапи на сила на почетокот на следната година, кажа премиерот Еди Рама.
„Ќе го забраниме за сите на една година. Нема да има Тик Ток во Албанија“, изјави Рама.
Неколку европски земји, како Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања во користењето на социјалните мрежи за деца. Рама ги обвини социјалните мрежи, особено Тик Ток, дека поттикнуваат насилство помеѓу младите.
