амсм

Сообраќајот се одвива тековно во зимски услови, наместа со остатоци од кашест снег

22.12.2024 08:26

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.