Блиски Исток

Ситуацијата на Блискиот Исток не мирува

22.12.2024 09:44

Нема мир на Блискиот Исток. Шеснаесет лица се ранети во ракетниот удар на јеменските Хути врз на Тел Авив...

Нема мир на Блискиот Исток. Шеснаесет лица се ранети во ракетниот удар на јеменските Хути врз на Тел Авив.

Војската на САД ги бомбардираше објектите на милитантната проиранска група во Сана. На почетокот на неделата Израел изврши серија напади врз воените цели на Хутите, погодувајќи ги пристаништата, како и енергетската инфраструктура во главниот град на Јемен.

Хамас, Исламски џихад и Народниот фронт за ослободување на Палестина соопштија дека договорот за прекин на огнот во појасот Газа е поблиску од кога било.