Украина
Продолжуваат борбите на украинскиот фронт
22.12.2024 12:31
Борбите продолжуваат низ украинскиот фронт, но и во Русија...

Борбите продолжуваат низ украинскиот фронт, но и во Русија.
Украинското министерство за одбрана го кодифицираше и одобри борбениот модул со далечински управувач „Воли“.
Од друга страна Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана уништиле 42 украински беспилотни летала, од кои речиси половина над регионот Ориол.
Претседателот Путин вели дека Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД и други западни земји, но не на сметка на руските интереси. Претседателот Зеленски предупреди дека ќе продолжат да ги напаѓаат објектите на руската воена инфраструктура.
