табановце

Редици возила на Табановце, печалбарите се враќаат дома

22.12.2024 14:35

Иселениците кои што работат во западноевропските земји се враќаат во земјава за празниците. На граничниот премин „Табановце“ изминативе денови регистриран поголем метеж. За неполн ден влегле дури 26.000 граѓани. Се чека до половина час. Екипата на македонската телевизија известува од најфреквентниот премин.

Печалбарите се враќаат дома за новогодишните и божиќните празници. Речиси 20.000 македонски државјани за неполн ден влегле во земјава од граничниот премин Табановце, информираат од министерството за внатрешни работи. На најфреквентниот премин во земјава поголем влез на домашни државјани е регистриран од четвртокот. Метежот надлежните очекуваат да биде ист и следните денови.

Освен шест полни редици за патнички возила, на Табановце долга е и колоната за автобуси. Граѓаните чекаат по половина час.

Граѓаните коишто влегуваа во земјава за македонската телевизија раскажаа дека доаѓаат празниците да ги поминат со најблиските. Велат за состојбата со границите биле свесни, бидејќи секогаш е иста сликата. Но за разлика од нашата граница, каде што и не чекаат толку долго, поголем е метежот на границите на излез од ЕУ.

Зголеменото присуство на печалбарите веќе се забележува и низ градот. Значајно е поголема фреквенцијата на возила во сообраќајот, но и низ трговските објекти. Полицијата со апел граѓаните во празничните денови да се однесуваат одговорно во делот на сообраќајот, без оглед дали се возачи или пешаци. Вообичаено иселениците во земјава остануваат до Божиќ, по што се враќаат во западноевропските земјите каде што живеат и работат.

 

Елена Георгиевска