Од јануари унгарските пари ќе се слеваат во македонските фирми
Од јануари унгарските пари ќе бидат достапни на македонските фирми. Владата очекува да има интерес за овие пари кои ќе бидат наменети за бизнис проекти. Ова го кажа премиерот Мицкоски кој денеска во Гевгелија го означи стартот на изградбата на мега шопинг-центар вреден 20 милиони евра.

Идниот месец ќе почнат да се слеваат парите од унгарскиот кредит кон македонското стопанство. Вака најави премиерот Христијан Мицкоски потенцирајќи дека одредени банки веќе ги промовираат овие средства за кои постои интерес кај фирмите. Станува збор за 250 милиони евра кои ќе се даваат под поволни услови за реалниот сектор со издржани бизнис проекти.
Премиерот Христијан Мицковски присуствуваше на поставувањето камен темелник на мега шопинг-центар во Гевгелија кој треба да се изгради до летото 2025-та.
Таму треба да се отворат нови 300 работни места, а како што кажаа одговорните ќе биде енергетско независен со многу иновативни решенија.
Ване Трајков
