Симболично сечење на бадниковите гранчиња
Традицијата продолжува. Одборот за прослава на Бадник во Скопје ги претстави новиот кум и здравичарот. Место познато – Краста, на јужните падини на Водно...

Стари и нови лица. Млади и повозрасни. На Краста на Водно се собираа бадниковите гранчиња. Се видоа пријателите си посакаа бериќетна да им е следната година и си рекоа да се видат на Бадник во Соброниот храм кога на верниците ќе се делат денес набраните гранчиња. Кумот бадникар Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров горди дека тие на скопјани и на сите во државата на бадник ќе им посакаат успешна година.
Се заврте орото се викна песна се кренаа чашите за многу години и за здравје. На Краста присутни и поранешни кумови и здравичари, сите задоволни дека се дел од Скопје и скопска традиција.
А граѓаните присутни на водно воодушевени од насмеаните лица и атмосферата која наликува на семејно собирање на прекрасен ден.
Бадниковите гранки се собрани, да бидат осветени на бадник и со нафора ќе бидат поделени на верниците во сите храмови.
Миле А. Ристески
