Во две мостри од колбаси од домашни производители откриена листерија

27.07.2014 18:00

Во колбаси од домашен производител е окриена бактеријата листерија-потврди Агенцијата за храна и ветеринарство, производите не се на пазарот.

 Во наредните два дена ќе се прави генетска типизација на двете мостри во кои е пронајдени бактеријата листерија за да се утврдува дали овие мостри се поврзани со заболените.

„Oвие производи подлежат на дополнителна термичка обработка со која се претпоставува дека листеријата би се унипштила..производите не се на пазарот, мораме да ја чекаме типизацијата која ќе ја имаме во среда попладне за да можеме да кажеме дали има или не врска со случаите“, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Од комисијата за заразни заболувања до Агенцијата предложиле измени во правилникот за квалитет и безбедност на храна.

„Да се земат производи за анализа дополнително, вонредтно, од двата производители и тие мостри да се достават во три различни лабаратории. Исто така побарано е да се побара дистрибутивна листа каде се има дистрибуирано од неговите производи, не само од овие што се позитивни туку од сите производи од тој производител каде има дистрибуирано низ Македонија. Во оние градови каде што имавме заболени, повторно да се земат мостри од продавниците кои имаат негови производи“, изјави д-р Јованка Костова од Институтот за јавно здравје.

Последниот случај од тетовско заболен од листерија не консумирал сувомеснати производи, јадел печено месо и млеко од животни што ги чува дома. Инспекторите зеле мостри од животните, млекото, земени се брисеви од кујната каде што се хранел, се чекаат резултатите. Досега со бактеријата листерија заболеа осумина, а четворица од нив починаа.

Андријана Атанасовска