Хуманитарен новогодишен базар „Куќа имам на Пелистер-вкусот на Пелистер“
Настанот „Куќа имам на Пелистер“-вкуси го вкусот на Пелистер на платото на Инфо центарот обедини над 20-сетина локални даватели на туристички услуги и производители на еколошка подпелистерска храна. Раководството на Националниот парк „Пелистер“ велат со овој настан ја отвораме вратата за сите оние што сакаат да ја почувствуваат нејзината убавина и магија...

Целата локална туристичка понуда и еколошки здрава подпелистерска храна на едно место.
Ако Наташа Каровска е горда што ја произведува надалеку познатата буковска пипер, Игор Поповски со приказната што значи во домашни услови да се произведува кашкавал и биено сирење.
На квалитетот на органските потпелистерски производи не одолеа ниту битолскиот градоначалник.
Со овој настан не само што ја славиме убавината на оваа планина туку ја отвораме на еден поинаков начин вратата за сите оние што сакаат да ја доживеат нејзината магија вели организаторот.
Тошевски вели Инфо центарот во иднина ќе биде вистинската појдовна точка во понатамошниот развој на Пелистер кој за битолчани е нешто повеќе од обична планина.
Стевче Митревски
