Позитивна оценка за работата на Владата
За работата во првите пет месеци на Владата мнозинството од граѓаните дале позитивна оценка, покажува анкетата која за МКД.мк, ја спроведе Агенцијата „Маркет Вижн“.

За работата во првите пет месеци на Владата мнозинството од граѓаните дале позитивна оценка, покажува анкетата која за МКД.мк, ја спроведе Агенцијата „Маркет Вижн“.
38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 насто одговориле дека не се задоволни од работата на Владата.
Позитивна оценка доби и работата на премиерот Христијан Мицкоски – 40,3 насто од анкетираните одговориле дека се задоволни од неговата досегашна работа. Позитивен став македонските граѓани имаат и за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија.
Реагираат од СДСМ. Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби. Од партијата велат на Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува. Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.“ – се вели во соопштението.
