Протести во Србија, студенти, земјоделци и граѓани на улица
Во 16 часот на плоштадот Славија започнаа студентските протести на кои им се приклучија и земјоделци, актери и граѓани...

Во 16 часот на плоштадот Славија започнаа студентските протести на кои им се приклучија и земјоделци, актери и граѓани.
Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград.
Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и Загреб.
Едно од барањата на организаторите на протестот е и лицата кои напаѓаа демонстранти да бидат идентификувани и кривично гонети.
Тие бараат и ослободување на уапсените активисти на протестите и запирање на кривичната постапка против нив.
Секој ден во Србија дел од студентите, учениците и граѓаните застануваат по 15 минути на градските сообраќајници, со цел да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Блокирани се над 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.
