Свет
Во Кремљ средба на Путин со словачкиот премиер Роберт Фицо
22.12.2024 20:09
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска пристигна во Москва и во Кремљ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој изјави дека Путин разговара со Фицо, кој е во работна посета на Москва, за транзитот на гас и меѓународни прашања.
Средбата меѓу Путин и Фицо се одвива во тет-а-тет формат, додаде Песков.
Портпаролот на Кремљ изјави дека посетата на Фицо на Москва била планирана пред неколку дена.
