Собрание

Во Собранието седница на Комисијата за образование, наука и спорт

23.12.2024 08:13

На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија – второ читање, како и Предлог на закон за Националната рамка на квалификации во второ читање...

Во Собранието на Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред е амандманска расправа на Предлог-законот за учебници.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија – второ читање, како и Предлог на закон за Националната рамка на квалификации во второ читање.

Во Собранието закажана седница и на Законодавно-правната комисија, на чиј дневен ред е амандманска расправа за Предлог законот за образование на возрасните и на Предлог на закон за стручно образование и обука – второ читање.