БЛИСКИ ИСТОК

Нетанјаху со закани кон Хутите

23.12.2024 08:30

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи да дејствува против јеменските Хути, кои ги обвини дека го загрозуваат светскиот поредок...

Конфликтите продолжуваат на Блискиот Исток. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи да дејствува против јеменските Хути, кои ги обвини дека го загрозуваат светскиот поредок.

„Како што насилно дејствувавме против иранската оска на злото, така ќе дејствуваме и против Хутите. Само во овој случај не постапуваме сами. САД и другите земји ги гледаат Хутите како закана не само за меѓународниот транспорт туку и за меѓународниот поредок. Дури и ако е потребно, резултатот ќе биде ист како и против другите терористички оружја“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Од друга страна, јеменската бунтовничка група објави дека спречила американско-британскиот напад врз Јемен, како и дека соборила борбен авион Ф-18 на американската морнарица.