Новите власти на Сирија бараат укинување на санкциите
Лидерот на бунтовничката група која ја предводеше битката за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад ја повика меѓународната заедница да ги укине санкциите против Сирија...

Лидерот на бунтовничката група која ја предводеше битката за соборување на сирискиот претседател Башар Ал Асад ја повика меѓународната заедница да ги укине санкциите против Сирија.
„Меѓународната заедница треба да се заложи за укинување на економските санкции кон Сирија поради однесувањето на стариот криминален режим кој го уби својот народ, што доведе до економски санкции. Режимот владееше 50 години и сега треба да се примени динамика да се отстранат таквите санкции за да можеме да ја доведеме оваа земја во правилна насока и да ги олесниме страдањата на сирискиот народ колку што можеме“, изјави Ахмед Ал Шара, лидер на Хајат Тахрир ал-Шам.
Новиот сириски лидер за време на посетата на Дамаск од страна на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека целото оружје во земјата ќе биде под државна контрола.
