Детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот
Станува збор за иницијатива која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани, стои во соопштението на Министерството за животна средина...

Министерствата за животна средина и за енергетика ќе објават детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот. Минстерствата пред Владата ќе ги образложат деталите за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот.
Станува збор за иницијатива која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани, стои во соопштението на Министерството за животна средина. Додаваат дека со оваа иницијатива се потврдува посветеноста на двете министерства за спроведување на иновативни проекти кои ќе придонесат за одржлива и зелена мобилност во Скопје.
