Македонските ракометари ги стартуваа подготовките за СП

23.12.2024 09:06

Според програмата, репрезентацијата ќе се подготвува во Србија до 30 декември, а подготовките ќе ги продолжи по новогодишните празници.

По утринскиот собир во Скопје, македонските ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров денеска заминаа за Стара Пазова каде ќе го одработат првиот дел од подготовките за претстојното Светско првенство.

Според програмата, репрезентацијата ќе се подготвува во Србија до 30 декември, а подготовките ќе ги продолжи по новогодишните празници.

Избраниците на Лазаров генералниот тест ќе го имаат на 8 јануари против Хрватска.

Македонија својот воведен натпревар на Светското првенство ќе го игра против Унгарија на 15 јануари, по што следуваат дуелите против Холандија и Гвинеја.

Светското првенство ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, а македонските ракометари натпреварите во рамки на групата Д ќе ги игра во Вараждин.

 

Фото: Ракометна Федерација на Македонија