И полицајците ќе избираат дали да одат подоцна во пензија

27.07.2014 18:22

Можноста за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е чекор за обезбедување поголеми права за работниците. За премиерот Груевски истото е наменето и за полицајците кои се водат под посебен закон, лекс специјалис, кој го одредува пензискиот стаж, што опфаќа 40 години, но од нив 10, се бенефицирани.

„Овој чекор го правиме и кон полицајците, значи тие имаат специјален закон со коишто заминуваат во пензија со 40 години работен стаж, од кои 30 се ефективни а 10 се бенифициран стаж. Со дополнителни измени коишто следуваат ќе се овозможи тие да се менуваат на 45 години, вклучувајќи го и бенефициранито стаж, и тука ќе може да избираат, кој сака со 40 , а кој со 45 години стаж“, изјави премиерот Никола Груевски.

Тежината на дејноста претпоставува поголема истрошеност кај овие работници, смета премиерот. Затоа изборот е во нивни раце, дали ќе продолжат да ја вршат оваа специфична професија.

Предлог-измените на законот ќе влезат во собранието наредната недела.  Претходната, собранието во итна постапка ги усвои измените на законот за пензионирање со кои се овозможува продолжување на работниот век до три години и за мажите и за жените.

Елизабета Кузмановска