КУБА

Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер ја погоди Куба

23.12.2024 09:44

Епицентарот на земјотресот бил на околу 37 километри јужно од градот Гуиса и на 53 километри југоисточно од градот Бајамо на длабочина од 22 километри...

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Карипското Море, јужно од кубанската провинција Сантијаго де Куба, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил еден час по полноќ по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на околу 37 километри јужно од градот Гуиса и на 53 километри југоисточно од градот Бајамо на длабочина од 22 километри.

Земјотресот бил почувствуван во делови од провинциите Сантијаго де Куба и Гранма во источна Куба, а слаб потрес имало и во други места во источна Куба

Засега нема информации за можни материјални штети и жртви.