Започна авантуристичкиот проект „Откриј го Крушево“

27.07.2014 18:29

Највиоскиот град на балканот, историско Крушево им ја отвори душата и им ги открива тајните на домашните и странски посетитекли. Денеска им го претстави авантуристичкиот проект „Откриј го Крушево“ во септември стигнуваат 25 странски тур оператори...

Историја, традиција, дива природа, непрегледни височини. Крушево и крушевчани на бројните постетители им го претставија авантуристичкиот проект „Откриј го Крушево“

„На терените за скиење се потрудивме да промовираме национално македонско, крушевско јадење: бакрданик со свинско месо и маштеница“, вели Жан Здравески, угостител.

Комплицираните и воодушевувачки крушевски ракотворби го обиколиле светот.

„Овие модели се продадени за снимање на филмот „Куќата покрај реката “ за Сандра Булок“, вели Спасика Тасеска.

Светските параглајдеристи се вљубени во височините и атрактивната локација кај Мечкин Камен.

„Условите за летање се речиси идеални. Може да се лета и на 3000 метри“, вели Џонатан Ком од Израел.

Посетителите импресионирано се впуштаат во откривањето на Крушево.

„Крушевската традиција е прекрасна. Воодушевуваат македонската музика и песна“ вели Одил Киблер од Лион, Франција.

„Прв пат доаѓаме во Македонија“, вели То Верусебих од Норвешка.

Зад проектот „Откриј го Крушево“ застанаа УСАИД,  Агенцијата за туризам, Карана корпорацијата,Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и општина Крушево.

„Трите аспекти на авантуристичкиот туризам: култура, природа и авантура ги имаме токму на ова место“, вели  Емилија Героска, Центар за развој на пелагонискиот плански регион.

„Некаде за 30 насто во однос на минатата година е зголемен бројот на странските туристи“, вели Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево.

Крушево им ја отвори душата на домашните и странските посетители. Ги откриваа неговите традиции, кулинарските специјалоитети уште од времето на војводите, дивите недопрени природи и височините. Отркијте го крушево, запто се најавува: наесен стигнуваат странските тур-оператори.

За еден месец светската асоцијација на авантуристички туризам АТА со 25 тур оператори и новинари ќе ги мапираат овие и другите атрактивни македонски дестинации.

Елизабета Митреска