Романија

Постигнат коалициски договор за формирање на идната влада на Романија

23.12.2024 11:14

Социјалдемократската партија, Национал-либералната партија, Демократскиот сојуз на Унгарците кои живеат во Романија и групата национални малцинства постигнаа коалициски договор за формирање на идната влада.

Социјалдемократската партија, Национал-либералната партија, Демократскиот сојуз на Унгарците кои живеат во Романија и групата национални малцинства постигнаа коалициски договор за формирање на идната влада. Се согласија да имаат еден кандидат за претседател, заеднички да го номинираат Крин Антонеску.

По консултациите со парламентарните партии, романскиот претседател Клаус Јоханис синоќа изјави дека е можно многу брзо да се формира проевропска коалициска влада.

Поради изборни нерегуларности, првиот круг од претседателските избори во Романија на почетокот од декември беше поништен.