Партии

ДУИ: Рeвизија на приватизацијата

23.12.2024 12:14

Според партијата, ова е неопходно да се направи зашто на земјава ѝ е потребна деолигархизација како чекор кон демократизација и напредок на нашата држава.

ДУИ бара ревизија на процесот на приватизација. Според партијата, ова е неопходно да се направи зашто на земјава ѝ е потребна деолигархизација како чекор кон демократизација и напредок на нашата држава.

„Олигарсите кои ја заробија државата и објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани, и тие се виновни за продлабочувањето на економската и социјалната неправда, како и за создавањето на систем кој им служи само ним, на сметка на иднината на сите други“, велат од партијата на Ахмети.