Премиерот Груевски присуствуваше на Ифтар вечера
Премиерот Груевски присуствуваше на Ифтар вечера, со повеќе граѓани, како и членови на ВМРО-ДПМНЕ од исламска вероисповед.
На присутните им посака убави празнични денови исполнети со среќа и спокој, како и единство, хармонија и взаемно почитување, кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски и културен развој на државата.
Според него, ваквите настани се добра можност да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство.

„Соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција на овие простори, и се единствен пат, кој може да доведе до економски, културен и сеопшт развој на државата“, рече премиерот на синоќешната Ифтар вечера.