Локална самоуправа

Прва дебата за измени на Законот за локална самоуправа

23.12.2024 14:47

Во Битола се одржа првата дебата за предлози за измените на Законот за локална самоуправа. Експертите фокусирани за создавање на вистинско законско решение, кога се одлуките за отповикување на функцијата градоначалник. Ресорниот министер и градоначалниците вистинската алатка во борбата за почиста средина, ја гледаат во воведувањето комунална полиција.

Во фокусот на првата дебата измените за референдумските критериуми за отповикување на градоначалниците и воведувањето на комунална полиција, експертската јавност посебно посветена на првото прашање.

Врз основа на највисоките стандарди на Советот на Европа и Венецијанската комисија, велат ќе се обидеме да понудиме оптимизирано законско решение.

Измените на законот предвидуваат и воведување на комунална полиција. За ресорното министерство тоа би била вистинска алатка за почиста еколошка средина. Градоначалниците признаваат дека со досегашните законски акти тешко оди.

Ресорниот министер вели ќе се дебатира и во останатите региони, додека не се направи нацрт закон кој ќе го помине двотретинското мнозинство во Собранието како и бадентеровото мнозинство.

 

Стевче Митревски