Средба Гаши - Ле Риголер
Африм Гаши денес оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република во нашата земја. На средбата присуствуваше и Жаклина Поп Ангелова, шеф на Кабинет на амбасадорот...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денес оствари средба со Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република во нашата земја. На средбата присуствуваше и Жаклина Поп Ангелова, шеф на Кабинет на амбасадорот.
Средбата примарно се реализираше за разгледување на можностите и модалитетите за идна соработка со француските институции, по неодамнешната работна посета на Делегација од Собранието предводена Претседателот Гаши на Париз.
Беше изразена посебна благодарност до Амбасадорот за подигнување на билатералната соработка на повисоки ниво со релевантните претставници на Француската Република, како и подготвеност од наша страна за одржување на овој воспоставен дијалог во периодот што следи, на теми од взаемен интерес. Гаши ги изнесе позитивните впечатоци од одржаните средби во Париз и подготвеноста на француските политичари за поддршка на нашиот процес на евроинтеграции.
Амбасадорот Риголер, нагласи дека иницијативата за посета на Париз и остварување личен контакт со француските колеги и државни претставници е од особено значење, со оглед дека истата помага за креирање на билатерална динамика на меѓусебна соработка.
