Аерозагадувањето урива рекорди, надлежните најавија проект за изнајмување електрични автомобили
Министерствата за животна средина и за енергетика, рударство и минерални суровини открија детали од иницијативата за намалување на аерозагадувањето. Една од точките каде што треба да се интервенира е транспортот. Тест фазата ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга...

Воздухот во Скопје е загаден. Македонската метропола повторно е при врвот на светските листи, граѓаните се жалат дека тешко дишат.
Клиниката за пулмологија се полни со пациенти. Лекарите апелираат хронично болните навреме да ја почнат терапијата и да ги слушаат советите.
Власта најавува мерки за ублажување на проблемот. Ќе се интервенира и во транспортот. В година 100 електрични возила ќе можат да се изнајмуваат во три општини, за дел од граѓаните своите автомобили да ги остават во гаража.
Тест фазата ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга.
Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот-општините каде што ќе биде поставена инфраструктура за полнење на возилата.
И додека се чекаат новите електрични возила, препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а граѓаните повеќе да користат јавен превоз и да ги остават автомобилите дома.
Борис Грујоски
