Уставен суд

Подготвителна седница за Законот за јазици во март

23.12.2024 15:25

И реформи и политички притисоци – првиот човек на уставен реферираше за сработеното. Се пофали со рекорден број иницијативи, но ги повика политичарите да ги тргнат рацете од судот. Костадиновски потврди дека претставници на Венециската комисија ќе пристигнат во Скопје за подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците. Ќе се одржи во март …

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19-ти до 21-ви март, најави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Утре судот ќе има редовен работен состанок, на кој ќе се утврдуваат листата на учесници и спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон.

На подготвителната седница ќе присуствуваат и претставници од Венециската комисија. Нивниот пријателски совет ќе го соопштат два дена пред седницата на Уставен.

2024-та, година на крупни реформи и политички притисоци и влијанија- вака Костадиновски ја оцени работата на институцијата која ја предводи. Клучна промена се контролните механизми за должината на постапките. Претседателот на Уставен со порака до политичарите да ги тргнат рацете од институцијата и да останат достојни на европските вредности за право и правна држава.

Статистиката покажува најефикасно работење на Уставниот суд оваа година. Прифатени се 266 иницијативи, и донесени се 107 одлуки.

Во 2024 година решени се 248 предмети, што е за 25 проценти повеќе од минатата година.

Марина Стојанова-Тонева